пожелен (прид.) - во (предл.)

А таков, најблаго речено, не беше пожелен во тоа време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Затоа, за овие групи, автономна Македонија не би била само прифатлива туку и пожелна во сегашниот момент на компликации и закани, кои уште еднаш ја опкружуваат Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 9 јули 1944 година била пренесена информацијата од весникот „Њујорк тајмс“ во која министерот за внатрешни работи при Југословенската влада во емиграција Сава Косановиќ, во едно интервју истакнал дека „повоената демократска југословенска федерација ќе ја вклучи Бугарија и таа ќе се протега од Трст до Варна и балканска конфедерација, која исто така би ги опфатила несловенските држави, Романија, Грција и Албанија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)