Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тој располага со бесконечност хомонимии; - во поетскиот јазик – изразот е сѐ.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Поетскиот јазик оптимално ја презентира сугестивната хипостаза, научниот – хипостазата на поими.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но, сеедно кој пристап ќе се избере, денес е невозможно во јадрото на поетскиот јазик да не се согледаат музичкот ген, да не се наслути моќта на чистата музичка валенција на стихот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Оттогаш, поетскиот јазик навлегува во секаков вид авантури.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)