Во сите овие статични, примитивни општества, мислењето е привилегија на оние што го контролираат оружјето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За идеографското писмо обично се зборува како за подоцнежен стадиум на развој на пиктографското писмо.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
После племенскиот (семеен) и феудалниот (детски) стадиум на хуманата еволуција доаѓа до индустриското (инсектоидно) општество, каде што индивидуата е работник или менаџер, а во подоцнежните стадиуми, работник-потрошувач.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Моќта на индивидуите со отворен ум да донесуваат и пре-донесуваат одлуки за сопствените животи, да произведуваат, готват, измислуваат, избегнуваат свои сопствени лаги, е сериозно ограничена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)