подолг (прид.) - рок (имн.)

Ако со посебни прописи поинаку не е определено, рокот на [доброволното] извршување на чинењето изнесува 15 дена, но за чинењата кои не се состојат во парично давање, судот може да определи подолг рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, кога на странката – во пресудата – ѝ се наложува извршување на некакво чинење судот ќе го определи рокот во кој ова чинење таа е должна да го изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Мислителот, кому неволјите на заедницата секако му лежат на срце, подобро би направил себе си како цел да ја постави вистината а не заедницата, бидејќи на неа посредно и на подолг рок со вистината, па дури и со горката вистина, ѝ се служи подобро отколку со едно мислење што смета дека треба да служи за сметка на вистината, а всушност со таквото порекнување на најстрашен начин однатре ги разорува основите на една вистинска заедница.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Македонската концепција за државно и национално репрезентативна main-stream култура, било таа да е државно- демократска или национално- либерална, со таа аисториска замена на политичкото со културното, или поточно: замената на реалното со имагинарното го чува македонскиот национален корпус од вистинската внатрешна политичка диференцијација и на подолг рок ги оневозможува шансите за Brad Holland демократизација и модернизација на македонското општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Согласно ваквата измена сега е предвиден подолг рок (5 дена) за кандидатот да си ги добие сите документи назад, што секако е на негова штета, ако се земе во предвид дека едно невработено лице најчесто истовремено конкурира на повеќе јавни огласи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Разбирливо, нивните права на подолг рок се регулирани преку други закони кои важат за сите вработени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)