подземен (прид.) - ходник (имн.)

Тука, по подземните ходници, по станиците на метрото, секоја за себе посебна и единствена, се чувствуваше пулсирањето на градот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тогаш Струма со својата придружба се шетала надвор од ѕидините.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тврдината имала тајни и добро скриени подземни ходници што овозможувале снабдување со храна и вода во случај на војна и долготрајна опсада.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И кога не си одговори, не беше начисто со тоа, дали е тоа – тој, дали сонува или е пијан од некоја волшебна напивка што владетелите ја чуваат скриена во своите подземни ходници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Заборавав на ѕверките со ситни остри челусти и алчни желудници што демнеат од темнините на подземните ходници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, Струма не седела постојано во тврдината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)