Во непосредна близина е коритото на реката Вардар, значи, има изобилие на подземни води, влажност, поради летни горештини обилни испарувања, и сето тоа создава една ужасно кошмарна состојба, би можело да се спореди со некаква пеколна атмосфера во каква што секој миг може да дојде до експлозија!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)