Тој е, се разбира, подготвен сѐ да поднесе само чичкото во бело да не помисли дека е тој навистина страшливец.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)