поголем (прид.) - град (имн.)

Во секој поголем град ќе постои агент.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стрипот кој Гронинг продолжува да го пишува и црта, денес може да се најде во неделните и алтернативните весници во секој поголем град во Америка, а и колекции со неговите работи веќе можат да се најдат во книжарниците.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ветеранскате населби, ги имаше во секој поголем град и беа свет за себе.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Скаутите, кои што како свој слоган го воспоставиле be prepared (биди подготвен) имаа огранок во речиси секој поголем град на некогашната СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На 27 март 1941 група офицери на Кралската југословенска војска извршиле државен удар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под византиска управа останал само Солун и островите и поголемите градови покрај Јадранскиот брег.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како реакција на тоа српските граѓански партии со британска поддршка на 26 и 27 март организирале демонстрации во поголемите градови на Кралството Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Турската полиција, особено во поголемите градови, била доста будна, но во случајов на никого не му дошло на ум дека Банката би можела да биде минирана од под земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да не изгледа така, т.е. за да изгледа дека делото има чисто револуционерен карактер, се заклучило слични динамитни акции да се подготват во повеќе поголеми градови во Европска Турција - во Македонија и во Одринско.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И така, во сè помногубројните геј-енклави што сè побрзо се ширеа во поголемите градови во САД и другаде во текот на 1970-тите, еден нов и наводно модерен стил на геј-мажественост добиваше сè поцврст облик и создаваше спектакуларна видливост.63
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Во 2007 г. списанието Ентрепренур ги стави геј-баровите на списокот дејности на кои им се заканува изумирање, заедно со продавниците за плочи и со телефонските говорници“, забележува Џун Томас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„И не е работата само во тоа што гејовите висат по стрејт-барови; некои сосема ги избегнуваат баровите, па си наоѓаат партнери на интернет или преку локатори на апликации за смартфони како што се Грајндер, Крашр (Qrushr) и Скраф (Scruff).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од 2008 г. до 2011 г., бројот на геј- и на лезбејски барови и клубови во базата на податоци на издавачот на туристички водичи за гејови Дамрон се намалил за 12,5 %, односно од 1610 на 1405.451 Падот бил уште пострмоглав пред 2005 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Томас проценува дека „бројот на геј-барови (во поголемите градови) се намалил од врвовите достигнати во 1970-тите...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врвот во Менхетн бил во 1978 година, со 86; денешниот број е 44“.452 Во меѓувреме, „Грајндер почнал со работа во март, 2009 г., а сега има над два милиони корисници, од кои половина се во САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По некое време, по серпентините на планината откај поголемиот град, се задаваат фарови во движење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- По едно време нè кренаа, ќе нè носат во поголемиот град, околиско место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)