Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Малку понатака од бункерот - долг и распарувачки врисок на тешко погоден човек. Хр - хр - хр - хрчи во ровот тешко ранетиот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)