ЕВТО: Ебати животот. СУЛТАНА: Што беа тоа погани усти. Малку малку, како кому ќе му текне пцуе по животот. Сѐ животот им е крив.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дедо попот, господи прости ми, имаше погана уста, како што се вели.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ме викаа. Ме плукаа, но ништо не слушнав од непознатиот вокабулар на нивните погани усти...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Вангел, сфаќајќи што исплука од својата погана уста, побрза да се оддалечи од кај него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Така едноног, сакат, седи во бозјакот крај прашливото џаде, испоганет од погани усти, но не испостен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)