поврзан (прид.) - во (предл.)

Работата на секциите обично ја водат личности што имаат голем углед меѓу колегите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модерната поп митологија ионака не се плаши од техно-демоните, бидејќи - што им фали на демоните доколку им служат на Убавината, Добрината и Вистинитоста?! 110 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иднината на радиото Секоја година во септември вработените и соработниците на „американската радио-индустрија“, коишто се поврзани во здружението The National Association of Broadcasteres (NAB) се состануваат за да си ги разменат искуствата и да најдат одговори на прашањата што ги поставуваат развојот на медиите, технологијата и проме­ните на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мејл-артот се базира врз стотиците приватни архиви ширум светот, поврзани во собирањето, комплетирањето, чувањето, сортирањето и проучувањето на мејл-арт делата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наративна структура Зборувајќи за текстовите, Брунер (Bruner, 1986) претпоставува дека приказните се составени од две нивоа - “ниво на акција” и “ниво на свесност”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нивото на акција е составено од (а) настани кои се меѓусебно поврзани во (б) посебни секвенци преку (в) временска димензија - минато, сегашност и иднина - и во согласност со (г) специфична тема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Експонатите од сите музеи треба да бидат поврзани во „дијалектичко единство”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку што циркулацијата ја истиснува печатената страница, и колку што повеќе нашите комуникации нѐ вклучуваат во процесите поврзани во мрежи (што е сѐ поприсутно), толку нашата перцепција на историја неизбежно ќе се измени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овој пластичен опис на сликарската употреба на прозорот воедно ни говори дека прозорите имаат пресудна важност и за Хундертвасеровата архитектура, бидејќи тие подрачја се органски поврзани во него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од тие зраци се белези на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Безброј луѓе се дел од секое од тие човекосоѕвездија; секој човек припаѓа на онолку човекосоѕвездија, од колку што зраци му е составена светлината; безброј луѓе се поврзани во секое човекосоѕвездие дури и кога не се познаваат, дури и кога нема никогаш да се видат: за да се биде дел од исто човекосоѕвездие не е важно со другите од тоа човекосоѕвездие да се биде близу и да се живее во исто време, туку да се носи, во својата нематеријална светлина, оној зрак што е карактеристика на човекосоѕвездието.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како со невидливи нишки од светлина со златни конци, се е поврзано во единство – зборуваше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие си течеа така поврзани во животот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не само тоа: во обете форми апсолутот дејствува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обете затоа се поврзани во естетска мистерија, без оглед на привидот на меѓусебното исклучување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)