повисок (прид.) - степен (имн.)

За мене националното чувство е само малку повисок степен на биолошкиот инстинкт за зачувување и, како такво, веќе не може да продуцира вистински значајни вредности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ако некој сака да студира медицина, право или инженерство, мора да замине во друга држава на студии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така им недостигаат и школи од повисок степен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)