Освен тоа, повисоката смисла подразбира дека сѐ е исполнето со значење, а не само среќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека зборувавме, чекоревме во круг по просторијата, покрај ѕидовите, без да погледнеме на сликите кои висеа на нив, чекоревме така кружно и јас помислив на кругот на постоењето и постојаната смена на раѓања, умирања, раѓања, умирања, раѓања, умирања, раѓања...
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зарем грешка или случајност во вселената е сета тага?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Прашањето е: дали ова постоење овде, ако нема некоја повисока смисла, не е потполно бесмислено?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)