Да беше партиец, автоматски ќе добиеше орден од повисок ред, барем за еден степен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И така познанието од тој вид и со него поврзаната фигуративна способност за создавање претстави (којашто е нужна за имагинациски процеси од повисок ред), постојано се дополнува при перцептивните процеси на нови и нови уметнички дела како комплексни објекти што бараат постојано усовршување на способностите за осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Да пуштиш мало дете со поголема банкнота в продавница беше ризик од повисок ред.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Таинственоста на уметничкото, коешто естетските теории (Adorno-вата и Hartman-овата) ја опишуваа како „повеќекратност”, херметичност, фиктивност и дереализирана појавност на уметничките ликови, се поврзува со комплексното сетилно осознавање, коешто „гледа” во тие делови повеќе отколку што може да се анализира со рационални, логички поставки.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во гестовите имаше манири на жена од повисок ред за кои таа беше свесна, но нив им придаваше некакво значење само во врска со сознанието дека со таквото однесување за другите беше поинаква, необична и интересна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)