повисок (прид.) - место (имн.)

На жени, мажи и деца, на сите им помагаше со тревки кои ги береше во месец мај на едно повисоко место, таму каде што најпрвин пролетта се развива и каде што сонцето грее од утро па сѐ до доцна вечер.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По локумот и кафето, владиката му вели на нашиот: - Велиш црква да има сред село, ама на повисоко место од џамијата?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тоа време кога дури и оние што се наоѓаат на повисоки места од мразот ги боли челото и очите им се полнат со солзи, кутрите титуларни советници понекогаш се сосема загрозени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На едно повисоко место, божем стокмено за караѓози, се туркаа изврзаните, стуткани мажи со момчиња, жени со девојки, и настрана децата, голуждрави и исцибрени како тукушто породени мачиња. Срцето му се стегна на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)