повисок (прид.) - дрво (имн.)

а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немаше повисоко дрво од овој наш орев!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Децата трчаа по патот, се враќаа и кажуваа до каде е стасана Комисијата; се качуваа на повисоките дрвја крај патот, се качуваа на карпите, одеа со чунчиња по езерото и го следеа идењето на Комисијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)