Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја уредија работата кога и како Толе „ќе никне" на сретсело, кога ќе бидат селаните собрани, а Митре ќе позадоцне со излегувањето: да не го распрашаат селаните и да разберат дека муљазимот си отиде, та и тие да се растурат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Сега имаме поважни работи од жените.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури кога ги подмири поважните работи, реши да си сошие и едно летно палто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше април месец. Излезе да купува со жената.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не, таа сега си има друга поважна работа!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Впрочем сево ова мене совршено не ме интересира а го продолжувам како да немам поважна работа. Јас сум спокоен.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се запуштам зафатен божем од поважни работи и поважни мисли.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Нека се снаоѓа со неа мајка ти, - рече - а, ние сме мажи, имаме поважни работи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Треба да се промени терапијата
местото на живеење
да се одлета на високо и ведро
да се преземе нешто перспективно
знам, но имам поважни работи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)