Кога бегот нажалено се усмивна, мислејќи секако на нивните здрави нозе и на скудното познавање на минатото, Сандри почувствува колку е бегот послободен од него, иако прикован за тој миндер, колку е неговата слобода побогата и поинтересна од неговата. А каква е неговата?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во прозорецот, како порој, над прескакувајќи се, му се плискаше една уште побогата и уште поодредена виделина, чие што млечно бело довикување беше многу посилно до она вчера, но тоа воопшто не успеа да го разведри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)