побогат (прид.) - семејство (имн.)

Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во некои од оние мигови кога во кашлањето, повраќањето, или треската, бев на работ од бессознанието, ги слушав нејзините зборови: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја користеа малкумина, најчесто амбициозни момчиња и девојки од побогати семејства, пред да се запишат на факултет.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)