плиток (прид.) - и (сврз.)

Како го проѕрел оној автор на поговорот кога вели дека тие добри намери, кои Симон му ги припишува на својот јунак, се всушност плитки и самозалажувачки, дека зад тоа стои една неизлечива ароганција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто сепак, книгите содржат само плитка и бедна слика за животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)