Се сретнале на тесно, помеѓу плитарски ѕид и стара кола, која затворала добар дел од уличката -Кара-Демир на патерици, Констстин со пес на јаже кој му помагал да не го згреши патот од куќата до крчмата и назад. Застанале.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)