Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Овде нема никаков лоу енд ордер! Закон што велите вие“, велеше и стануваше од својот зелен пластичен стол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тие денови на големо гледање и мислење, што го гледаше и милеше Брчалото, некои од брезничаните, губејќи трпение, додека тој седеше во зелениот пластичен стол замислено загледан во Тумбица, но од сочувство за неговите маки, ќе му речеа: „Уште ли не можеш да го најдеш тоа што го бараш?“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
"Овој зелен чеар мене ќе ми личи со кошулата", рече Брчалото удобно завалувајќи се во зелениот пластичен стол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Брчалото цело време тие дена седеше во зелениот пластичен стол упорно и истрајно загледан во Тумбица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А, кога најпосле сепак ќе се вратеше да го заземе своето место во зелениот пластичен стол пред продавницата, пак остануваше загледан во Тумбица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„О, бое!“ рече Брчалото и мрзоволно стана од зелениот пластичен стол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Брезничани, уште никој не осмелувајќи се да седне на зелениот пластичен стол, почнаа да очајуваат, па мораа секоја вечер да измислуваат нова надеж дека ќе им се врати Брчалото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Брчалото се врати со разочаран израз на лицето и откако повторно се смести во зелениот пластичен стол, со ненавидувачки тон рече: „Тие треба да се некои Скач пипл или Ајруши, тие американцки не знаат. Тие се диферент пипл...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Здраво, како што се вели по тукашно", им рече и откако се помисли, се подзашугали, го забележа единствениот пластичен стол со навалка во кој како ронка во него беше седнат Танче Подопашникот, смешно слабо, смалено ама и жилаво старче од преку деведесет години.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)