пластичен (прид.) - кеса (имн.)

Сите тие имаа пластични кеси или торби што ги туткаа под мишките и во скутовите, жените дури и како да ги напикуваа меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто потоа, седеа на една маса на тротоарот и пак пиеја кафе, Едо пластичната кеса со телефонскиот именик од Сан Диего и кесата со блокот, пикнати една во друга, ги имаше ставено на масата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога баба Анка нѐ испрати на заминување, ни подаде една голема пластична кеса полна со бонбони.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Девојчето што изгледаше како мутулаво, седна до него амкајќи пред себе пластична кеса со два леба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
(Соња штотуку влегла во собата. Облечена во мантил, влажен. Носи пластична кеса со храна.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Најпосле, на 14 март Алексеј Зубаржук и Александар Ревизоров на сообраќајницата покрај метро-станицата „Барикаднаја” се обидуваа да се задават меѓусебе со помош на пластични кеси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)