планински (прид.) - предел (имн.)

Читателката Елен Лејбовиц, во преписка со авторот Младиот наратор, кој води потекло од едно балканско откорнатичко семејство, гледа како еден ден во градот слегуваат маса селани од планинските предели... со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќето од жените на козарите првпат во животот се беа промениле во чудесните народни носии, полни срма и сребро, блеснати во преплет со прекрасни и невидени бои, од црвено-модрикава до жолто-зеленикава, бои што можеа да се видат само во планински предели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Знам дека си роден во сиромашна куќа, во некој планински предел на Македонија, знам дека си го напуштил училиштето заради твоите идеи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)