планински (прид.) - масив (имн.)

Облаци темни се надвиснуваат над планински масиви од мисли.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Враќајќи се дома, преку некој висок планински масив во Европа, по Собирот на членовите на Семејството во градот Мелин во Илиноис, пред повеќе години, испил прекумерно многу, богато, виолетово вино.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Учи резбарски занает и прави мебел. 1890 е во Берлин; продава разгледници со гротескни глави на планински масиви, што му овозможува да замине за Минхен во приватна школа за сликарство. 1899 во Париз на Академијата Julien.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Совладувајќи ги сивите планински масиви, со бели црквички на врвовите како орелски гнезда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Значи, манастирот се наоѓа во поднежјето на големиот планински масив Караџица, со највисок врв Солунска Глава - 2 540m.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)