Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ти која ги доближуваш
питомите и крволочните животни
од овој свет или од некој друг свет
до Змејот и Кентаурот
или Човекот
и од сите нив правиш
Животинско Царство
правиш исклучок
затоа што
- ништо не е совршено
на банален начин!
Ти која го прелеваш
мртвото во живото
божевото во човечкото
некогашното во сегашното
чедното во блудното
почуј,
совршенството е промислена
дозирана
грешка -
Игро на метафизиката!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беа добродушни и мирни, како две големи животинки (бригадирот Језекил: како две бачилски подрастени кутриња, ах да), а беа послушни и питоми и сѐ ги губеше своите вистински размери, кога ќе го дофатеа тие, сѐ стануваше некакво кревко и совитливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)