писмен (прид.) - барање (имн.)

Кирова, најпрво, испрати писмено барање до претседателот на синдикатот во кој членуваше – со цел да се разгледа нејзиниот проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја испрати до вратата, протоколарно, како што ѝ доликува на една таква организација, ја допре по рамото и рече: - Испратете г-ѓо едно писмено барање кое ќе може да се разгледува на ниво на управен одбор, па којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По ова, во септември 2002, таа направи и повеќе обиди да го разубеди директорот и правната служба за незаконитоста на одлуката – преку усни и писмени барања, но сето тоа остана без никаков ефективен одговор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)