- Какви вежби и единици, бре?! - Со писклив глас го прекина Мита.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Остар, писклив глас: - Стој! На вратата од двокатната куќа се појави висок маж.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најшумни беа кумовите и нивните жени, чии пискливи гласови ми ги параа ушите и ми се забодуваа во срцето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Потоа настана пауза. Паузата Италијанецот како да ја почувствува непријатно, испи уште една чаша вино и рече со поткренат, писклив глас, гледајќи во кметот и учителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
По некое време ги зедоа пиштолите и почнаа да пукаат на нив: паѓаа птиците на брегот или во водата, некои бегаа, се префрлуваа подалеку во езерото, некои нурнуваа во водата, а некои како да им пркосеа, позасилено фрчеа над нив и испуштаа пискливи гласови.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа беше развлечен и писклив глас на вреден и предвреме остарен маж, кој даде едноставна изјава, пријателска и умилкувачка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак, нејзините рачиња како тапанарски стапчиња зафукаа по снагата на Вангела и она тупа туп тупа туп тупа туп го надгласуваше само нејзиниот писклив глас Абре магаре непрокопсано, нели синоќа легна од оваа страна?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)