Уверен дека и во едната и во другата - во крајна линија ќе се загрозеше семејниот идентитет, ќе се обезличеше засекогаш, макар што тоа не се случи во долгиот петвековен период на Отоманската Империја, тој, следејќи ја природната парадигма, на сè уште незавршениот пат на јагулите - беше решен да се определи конечно за патот кон Америка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Можеби, вистинската причина за падот на Отоманската Империја, според неговото мислење, беше во фактот што Западна Европа успеа, во истиот петвековен период, да ги оствари етапите на ренесансата, на реформацијата, на Француската револуција, на либерализмот, на индустриската револуција, како и стадиумот на државата-нација.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)