песочен (прид.) - часовник (имн.)

Тоа не беше обично држење. Тоа беше допир преку кој љубовта се прелеваше како низ песочен часовник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Војничките денови му даваа време и тој го преточуваше како со песочен часовник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Принесе песочен часовник чие одвај чујно ронење се измеша хармонично со шушкањето на емитувачката кутија и она што децата и бабите, од почетокот на 20-тиот век, го викаат „снег“.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако веќе не можам да го достигнам врвот, барем дозволете ми да се гордеам што сум го допрела дното (којзнае, можеби некогаш некој, ќе го заврти песочниот часовник).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До талисманот има песочен часовник, а над талисманот - ѕвоно, тука е и една вага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ прстите му се лизгаше земјата како песочен часовник, паѓаше само надолу, соединувајќи се со својата Земја мајка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Песочен часовник претурање на суштината на ситно, на дробно, горе-доле, доле-горе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мене ми бега мислата кон воздушните струи што вестат снег, кон трпките на мазното тело што гази снег, кон човекот што го погребуваме, а таа го напушта погребот со изговор дека ѝ ѕемни, дека не може повеќе со жалните слики и заминува со автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Песочниот часовник густо ги реди секундите една до една со резок звук што шишти небаре се превртува змија заградена со оган и пишти оти ѝ нема спас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Биографии Едгар Алан ПО (1809, Бостон – 1849, Балтимор), САД.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во еден поран есеј, се обидов да ги покажам епските призвуци што лежат во основата на неговата доцна поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојат два реда што го содржат ова согледување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)