Таа ми      раскажува, а јас запишувам: намуртено збрчкано чело      значи дека сонувала песочна бура што затрупува нечија      колиба; изговарање на моето име значи дека сонувала      пожар во сончогледово поле; помрднување на левото      крајче од усните во вид на блага насмевка значи дека      сонувала глутница волци што ѝ пее приспивна песна...
               
             
           
            
            
              „Азбука и залутани записи“
               од Иван Шопов 
              (2010)