На нејзиното место денот сега го донесуваше токму тоа золаво ситнење на пепелавиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
XXIII. Беше скован во цврст чардак, со три прста опрашка од пепелав снег одозгора, и чкрташе под неговите стапала.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)