Прегледот содржи: податоци за пријави и одјави од осигурување; податоци за пензиски стаж; податоци за периоди на осигурување; податоци за часови на работа, односно осигурување; податоци за плати, односно основици на осигурување; податоци за стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење, податоци за навршени периоди на осигурување навршени во друга држава.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
При тоа, новиот износ на старосна пензија за ова лице ќе се утврдува според неговиот вкупно навршен пензиски стаж и остварени плати (чл. 10). 6. Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У. бр. 25/2008-0-1 од 10 септем- ври 2008 година. 103 ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА Законот за вработување на инвалидни лица (ЗВИЛ) е донесен во 2000 година 1 и има претрпено седум измени и дополнувања, 2 по еднаш во 2004, 2007 и 2009 и по два пати во 2005 и 2008.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Првата категорија се лицата на возраст за пензионирање, но со дотогаш недоволен пензиски стаж помеѓу 15 и 20 години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Целната група чие вработување се сакаше да биде олеснето беа невработените лице со најмалку 25 години пензиски стаж и над 54 години возраст на кои работниот однос им престанал по основ на стечај или по основ на технолошки вишок, кои оствариле право на надоместок од осигурување во случај на невработеност и се евидентирани како невработени лица над две години по искористување на правото по основ на невработеност (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трето, само лицата кај кои професионалната неспособност за работа настанала поради повреда на работа или професионална болест имаат право на профе- сионална рехабилитација без оглед на должината на пензискиот стаж, додека за лицата кај кои оваа неспособност настанала како последица на повреда надвор од работа или болест стекнуваат право на професи- онална рехабилитација само ако ги исполнуваат условите во однос на пензискиот стаж за стекнување право на инвалидска пензија (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, во јули 2001 година беше прецизирано дека овие лица правото на старосна пензија ќе можат да го остварат со навршување на 40 години (мажи), односно 35 години (жени) пензиски стаж, без оглед на возраста (чл. 10, ЗИДЗПИО/јули.01).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Втората категорија, пак, се жените кои во периодот 2000-2003 година ги имаа потребните години за одење во пензија, но го немаа потребниот стаж, бидејќи за тој период наместо 20 години пензиски стаж со промените од март 2000 година станаа доволни и 15 години стаж (чл. 5). во години Возраст Пензиски Година мажи жени стаж 1994 60,5 55,5 1995 61,0 56,0 1996 61,5 56,5 20 1997 62,0 57,0 1998 62,5 57,5 1999 63,0 58,0 2000 63,5 58,5 2001 59,0 2002 59,5 2003 60,0 15 2004 64,0 60,5 2005 61,0 2006 61,5 2007 62,0 Табела 1: Возраст и пензиски стаж со кои се стекнува право на старосна пензија 92 Треба да се спомне и дека со одредбите од измената и дополнување- то од март 2000 година се предвидува изземање од промените што се однесуваат на стекнувањето право на старосна пензија на оние лица кои на денот на почетокот на примената на ова измена и дополнување (1 септември 2000 година) имале пензиски стаж од најмалку 35 години (мажи) и 30 години (жени) (чл. 30 и 35, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правата врз основа на преостанатата работна способност се остваруваат без оглед на навршениот пензиски стаж (чл. 60, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)