патриотски (прид.) - гарда (имн.)

Две години имаше поминато како член на редакцијата на списанието „ Меч и оклоп“, официјално гласило на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Припадниците на патриотската гарда, како што се нарекуваа приврзаниците на генералот Стојан, пиеја пиво од зелени шишиња од литар и половина, јадеа плескавици и зборуваа на своите мобилни телефони.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Има уште еден саат од филмот, ќе го гледаме друг пат. * * * Зградата на Куќата на братството на патриотската гарда ја имаше подигнато еден од многуте окупаторски режими кои владееја со земјата пред таа да се добере до независност.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Двајцата јурнаа преку неискосената трева која го обиколуваше мермерното плато на „Куќата на братството на патриотската гарда“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Црвениот тепих, имитација на некои гламурозни филмски фестивали кои што повеќето гости на балот ги имаа видено само на телевизија, се имаше распослано од влезот во големиот двор ограден со жива ограда, па се до скалите преку кои се влегуваше во Куќата на братството на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Десет години по маршот на генералот Стојан и неговата патриотска гарда на главниот град, просториите имаа распоред, којшто на Александар му личеше на оној од комунизмот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во двете соби на првиот спрат, каде порано беше стрелачката дружина, сега се имаше раскомотено подмладокот на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во исто време, без збор или разменет поглед, тргнаа кон вратата за да ја напуштат зградата којашто во комунизмот беше дом на армијата, а сега беше пренамената во Куќа на братствотo на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)