патен (прид.) - трошок (имн.)

Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 32.200 МКД (530 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот ПЗУ „Градска аптека“ беше задолжен, во рок од осум дена од правосилноста на Пресудата, на Папазова – како поранешен вработен, да ѝ исплати главен долг во износ од 56.040 МКД (околу 920 ЕУР), зголемен за законската казнена камата, и тоа по следниве пет основи: а) на име разлика за помалку исплатени плати – сума од 21.169 МКД; б) додаток на нето-плата за признат работен стаж [т.н.„минат труд“] – сума од 15.670 МКД; в) неисплатена хранарина – сума од 10.000 МКД; г) додаток за патни трошоци – 7.851 МКД; и д) работа на празник – сума од 1.350 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По барање од странката судот може, со решение, да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење (чл. 240, ст.1, 3-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вештакот има право на надоместок на патните трошоци и на трошоците за исхрана и ноќевање, на надоместок на загубената заработка и на трошоци за вештачење, како и право на награда за извршеното вештачење (чл. 241, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работните услови во Медицинскиот центар беа добри и немаше проблеми – сѐ до доаѓањето на новиот директор, пролетта 1994.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Коњите некако ги наместија – кадијата му даде на Сефедина неколку илјади аспри за патен трошок – храна за луѓето и коњите, но мораше сите пари да ги потроши за да купи коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)