патен (прид.) - торба (имн.)

Во истиот момент тетка ми, со патната торба во рацете, истрча налутено од куќата и, без да се поздрави со мене и со Ели, излезе низ дворната врата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше на себе темно сив мантил и мала патна торба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едо наместо да ѝ одговори, се ведна кон својата патна торба и го приотвори патентот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Правејќи се рамнодушен поради тоа што беше забележан од стопанката, тој отиде до масата спроти влезот, ја спушти својата патна торба и седна со грбот кон ѕидот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто патните торби не ме асоцираат на патувања туку на заминувања засекогаш, а никој во мојот живот не заминал, не отпатувал... само побегнал?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој го стави во џебот од патната торба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лиле ѝ подаде мала патна торба на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја испуштив патната торба и се здрвив. Тогаш се отвори земјата и пред да ме голтне со ѓонот в раце и главата крената горе кон мајсторот, убаво слушнав женски глас и стигнав уште да ја замислам жената како со распуштени коси седи на масичката под препарираната мечкина глава и неопитно липа во првата вдовичка ноќ. okno.mk 79 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
” Сиромав човек, си реков, кому уште можам јас да му помагам, по она што ми го рече како да ја разбуди заспаната гордост во мене, не, не можев јас тоа да го правам, знаев повеќе од сé дека тоа си е така, влегов во гарсониерата, набрзина ги собрав пљачките во една патна торба, ја заклучив вратата зад себе и покрај здрвениот човек на скалите излетав надвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)