ПАПА, ПАПА! - Викал еден папагал. Дошол папата (на катол. црква) и му рекол на папагалот: „Папај паприкаш и не збори глупости да не те подберам со папуча, т.е. пантофла.“ „А што имаш во папката?“, прашал папагалот. „Ништо особено“, рекол папата. „Неколку папилотни за жена ми, стар папирус за магии и 666 папоци од пантерски фетуси, исто за магија.“ „Фино“, рекол папагалот и продолжил да го папа паприкашот, не осмелувајќи се да коментира.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)