отсутен (прид.) - од (предл.)

Едноставно лебдеше, се лизгаше, отсутна од луѓето, како меѓу подот и таваниците да имаше меко перниче по кое плови низ океанот на музиката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Отсутен од сѐ што ја брануваше, нервозно извика: - Ама што правиш, уште не си почнала ни да се дегримираш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)