отсутен (прид.) - израз (имн.)

Додека ја чекаше на креветот во кожните гаќи и црната маска кои по малку го стегаа и му ги зацрвенуваа парчињата месо на препоните и образите, по навика почна да ги менува каналите на далечинското, со истиот отсутен израз како на домашниот тросед.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- А јас и не сфаќам што треба да му помине на твојот пријател - отсутниот израз на нејзиното лице наеднаш се престори потсмев и презир.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)