Зашто свеченото сликање на емоционалното и на физичкото насилство во Најмила мамичке е сјаен пример за неуспешна сериозност – токму својството што Сузан Зонтаг со право го утврдила како определителна особеност на кампот.300 Но, зошто потфрла обидот на филмот да претстави ситуација што истовремено е и трагична и ужасна или не успева да ги исполни условите за вистинска сериозност, па станува смешен?
Многубројни се причините што би можеле да ги наведете: дводимензионалнитe, кабукистички изградени ликови; преглумувањето; растегнатите сцени со невидена емоционална претераност; ревноста и високопарноста на приказната – „грамадните громки пресврти“, како што тоа добро го срочил еден од нашите коментатори на Амазон, поради кои „се истиснале суптилноста и чувствителноста“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едно такво недостоинствено, начисто омаловажувачко разоткривање на патетичната ранливост на ликот би било крајно незамисливо во Милдред Пирс; би било исто толку неусогласено со отмениот стил на филмот колку што се и оние далечни и отуѓувачки кадрирања.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И визуелната монтажа е приложник на важен елемент, особено кон крајот на сцената со отуѓувачката примена на кадрирање од високо и од далечина (види, на пример, слика 15), со која се поттикнува емоционалната отуѓеност на гледачот од ликовите, а судирот меѓу двете жени се претвора во чиста претстава – претстава поставена конкретно за далечно и збунето (машко) гледање.
Особено понижувачко за ликовите, а со тоа и ласкаво за гледачите, посебно за мажите меѓу нив, е настојчивото наѕирање на детинската бела долна облека на Тина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)