Новинарот кој во рамките на емисијата што ја уредуваше на познатата албанска приватна телевизија Топ Ченел во Тирана, ме покани да учествувам во една голема емисија со припадници на семејството во Албанија и Македонија, на една отворена сцена на балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како да спушти не само завеса туку и рампа среде претстава, на отворена сцена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Рада знаеше дека ова е само куртоазен комплимент на отворена сцена, но секако ѝ годеше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На отворената сцена се менуваа говорници со оперски лица, девојки potato во народни носии, музичари и пејачи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)