отворен (прид.) - пруга (имн.)

Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Нѐ откачија на отворена пруга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)