отворен (прид.) - простор (имн.)

Бие, завива и го брише отворениот простор, го подбира снегот, го развејува над шумата, го сее во неа и носи нов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Без хипербола, Будимпешта е град во кој неговиот ширен, отворен простор - парковите, улиците, кејовите, булеварите, авениите се исполнети со скулптури.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Околу „Скантеа“ е само отворен простор, кој овозможува доминантно владеење на овој импозантен објект.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зеленото ѝ го отсликуваше отворениот простор по кој толку долго сонуваше со отворени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа повторно следува отворен простор, полиња што се тркалаа како дискови, насадени со пченка, компир и соја, прошарени со брестови, спроти кои беа натрупани гроздови од фармерски градби со кубести амбари, понекогаш црвени, а понекогаш бели како фармерски куќи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едно мало купче веќе видов над куќата, под патот што врви кон Стрелеско, на отворениот простор кон ридот. Но не се задржав да мислам на тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нашите влегоа во бој на отворен простор. Ниту ровови, ниту бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Авторот наведува дека 80 отсто од тие кои се повлекуваа по овој отворен простор беа убиени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вие продолжувате да гледате во отворениот простор барајќи облик облик нудејќи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)