отворен (прид.) - небо (имн.)

На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овдека, на обележаното место, до подигнувањето на црквата, во времето на Преродбата, под отворено небо ги вршеа религиозните обреди и ги опејуваа своите мртви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, со песни и подбивки, со нови, штотуку збиднати љубови, и со кон под отворено небо, секој ден и секоја ноќ, во текот на две седмици, додека не се исушеа црепните, односно додека не беа пренесени по домовите, во кошарите, жителите на Потковицата беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ се одвива некако во еднаков амбиент, под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)