отворен (прид.) - море (имн.)

Италијанците ги навредуваат Словените, Словените Грците, Германците Русите, Французите Германија и, речиси, исто толку Англија. Мислам, сите имаат право.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде е сѐ толку подносливо и без размислување му се препушташ на кичот, додека пак вистинските вредности нормално сѐ уште пливаат на отворено море.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од купиштата рибини отпадоци, што ги разнесуваа галебите, бели како снег, се ширеше застоена реа. Ни трошка ветар од отвореното море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Десно – отворено море. Четири бродови, еден зад друг чекаат ред за влез во пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа трипати преживеа бродоломи, та минуваше по цел ден и по цела ноќ во вода, на отворено море.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)