отворен (прид.) - кутија (имн.)

Камилски, веројатно свесен за помислата на Татко, веројатно за да избегне да ја слушне, прв започна да зборува за тоа: Брате, ти ја донесов бараната лупа! рече Камилски и му ја подаде отворена кутијата со една лупа. Таа ти е подарок од мене.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Еве, - рече Шишман за да го разувери до крај и ја отвори кутијата, му ја покажа отворена, го заигра камчето внатре, кое сега во отворена кутија не тропаше толку примамливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По тој повод требаше да се намести мало плато заградено од сите страни (во форма на широка отворена кутија) со четири излези од кои жабите би паднале во спасоносните води на локалната фонтана.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)