отворен (прид.) - врска (имн.)

Операта, поп-музиката, модата и стилот, архитектурата и дизајнот, печатењето, сликарството и ликовните уметности; заводливото за гејовите од британската култура, од француската култура, од арапската култура, од јапонската култура; дивите и нивните определителни одлики во разни национални контексти (Мексико, Аргентина, Франција, Турција, Израел, Египет, Либан, Јапонија); трачарењето, мрчењето и кампчењето; урбаноста, отменоста и духовитоста, дури и имањето домашни миленици, особено наклонетоста кон одредени кучешки и мачји раси: сето тоа треба да се опфати во кој било сеопфатен опис на тоа како да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крузингот, зафатите врз телото, отворените врски, циклусните журки (circuit parties), одењето по клубови, порнографијата, меѓугенерациските романси, пријателството и особената комбинација на промискуитетност и на самотија, на еротско изобилство и оскудица, естетичност и аскетство – како тоа сум можел да го изоставам сето она што го прави машкиот геј-еротски живот толку особен и единствен?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и сексот; што правиме со сексот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, мора да се почне од нешто. Не може да опфатиш сѐ. Нема таква севозможна книга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)