остар (прид.) - црн (прид.)

Се поглед­нав во хромираната страна на киоскот за кафе, типичен Кавказоид со перчин остра црна коса.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тргајќи се со два прста за остриот црн мустаќ ги дигна веѓите и одмавна со глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)