остар (прид.) - мирис (имн.)

Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од бакарданот се креваше густа пара. Остриот мирис од пченкарното брашно и дразнеше изморените гладни луѓе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Човек не требаше да има изострено сетило за мирис за да ја намириса реата на виното што доаѓаше од извалканиот дел на Милановата визба, или острите мириси на сирењата, што таа сега ги виде како висат на подните греди од горниот кат во форма на необични главици.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лежеше врз тебе како врз камен, со поткрената глава, полна со нетрпение, голтајќи го воздухот со целото тело, а ноздрите се ширеа вдишувајќи го остриот мирис, мамлив и познат...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ване само ја лизнуваше грлашката на шишето, колку да му направи атер на Геро, муртејќи се од остриот мирис на окапаните џанки и прашувајќи се дали добро сторил што ѝ се придружил на оваа дружина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис, и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мирис на месинг, остар мирис од изгорен прав, мирис на ракетен сулфур.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)