остар (прид.) - колк (имн.)

Се сети за миг на своето тесно собиче со илјада мириси и на острите колкови на својата љубовница и не стаса да стане крик и плач.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја потпира главата на поткренатото рамо и со остар колк забуцан в неродица се стивнува. Можеби веќе спие.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гласот не ќе ја открие неговата машкост распламната во малото сопче крај острите колкови на првата Ева од неговиот живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)